Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, имаше средба со директорката на Управата за развој…

Oct 10, 2020 by

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, имаше средба со директорката на Управата за развој…
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, имаше средба со директорката на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Славица Тодорова.
Во административната зграда на општината, градоначалникот Медат Куртовски, оддржа работна средба со директорката, Славица Тодорова, на која се разговараше за продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете институции, се со цел да се подобрат условите во образованието како и подобрат правата на етничките заедници, преку изучување на културата и јазикот на својата етничка заедница.
На средбата присуствуваа и Хаџер Јавуз, советник за унапредување на Турскиот јазик и Дарко Митевски, раководител во Управата.
После завршувањето на средбата, директорката на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Славица Тодорова, заедно со своите соработници го посетија ОУ “Блаже Конески” – Скудриње каде ги посетија учениците од трето одделение каде наставата се одвива со физичко присуство на учениците. Исто така, имаа средба со дел од просветните работници од училиштето.
Соработката ќе се продлабочува и во наредниот период се очекуваат повеќе заеднички средби, се со цел да се подобрат развојот и унапредување на условите во образовниот процес за подеднакво за сите заедници во сите општински основни училишта.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3