Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, во Маврово ја следеше вежбата на ДЗС

Sep 21, 2020 by

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, во Маврово ја следеше вежбата на ДЗС
Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување со акција за извлекување на лица зафатени од свлечиште ја завршија тридневната обука и вежба на Републичките сили за заштита и спасување и Тимовите за брз одговор која се изведуваше околу Мавровското езеро.
Вежбата ја следеа Градоначалникот Медат Куртовски и директорот на НП Маврово, Самир Ајдини, на која следеше и средба со директорот на ДЗС, Аднан Џафероски.
Општина Маврово и Ростуше даде логистичка поддршка на успешно реализираните вежбовни активности кои ги изведоа припадниците на ДЗС.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3