Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани, дека, од денеска сите служби од одделението за нормативно – правни работи, финансии и одделението за општи работи на општината, ќе бидат во функција во новата општинска административна зграда, која се наоѓа блиску до здраствениот дом во Ростуше.
 
Овој проект беше реализиран на барање на Владата, Европската Унија (ЕУ) се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Овие средства им се доделуваат на општините во форма на грантови и треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните области.  Во рамките на оваа програма на Општина Маврово Ростуше и беа доделени Грант средства во висина од 260.000 илјади Евра за реалаизација на проектот “Изградба на општинска зграда – општина Маврово Ростуше”.  Вкупниот износ на овој проект изнесува 279.791 илјади Евра, и истиот ќе биде кофинансиран со 19.791 илјади Евра од страна на општинскиот буџет.