Почитувани наши сограѓани, сакаме да ве известиме дека со допис од Владата на РСМ од 10.04.2020 година, општините и општинските кризни штабови не смеат да даваат дозволи за движење на никого.
Тоа значи дека дозволите и забраните за движење се регулирани на централно ниво, односно од страна на Владата и соодветните институции, што значи дека ние како општински кризен штаб не сме дале дозвола за движење на никого, вклучително и на лицата што се спомнуваат во некои коментари..
На регионалниот пат, кај што е клучката за влез во манастирот, има 24 часовна полициска контрола, од полициска станица Ростуше ни е потврдено дека ниту еден граѓанин нема влезено во манастирот од 16:00 часот 17.04.2020 година петок па се од 15:30 часот денес, недела.
Секое движење или групирање на своја рака е на сопствен ризик, дали од пренесување на вирусот или од добивање парична казна.
Ние како општински кризен штаб го осудуваме секое движење и групирање без дозвола и уште еднаш упатуваме апел да се почитуваат мерките и препораките на владата.