Кризниот штаб за справување со корона вирусот при Општина Маврово и Ростуше, имаше работна средба со Имамите од Џамиите во населените места од Нашата Општина.
На средбата се разговараше за општата состојба во која се наоѓаме како на локално така и на централно ниво, за важноста од почитувањето на мерките и препораките кои се донесени од Владата на РСМ, како и ставот на ИВЗ по истите.
Исто така од страна на Имамите беше потенцирано на важноста на Месец Рамазан за муслиманите, за обврските и обичаите кои произлегуваат од овој значаен масец за сите муслимани.
На крај се дојде до заклучок, дека сите граѓани на РСМ, односно сите жители на Општина Маврово и Ростуше треба да продолжиме да ги почитуваме мерките и препораките донесени од страна на Владата на РСМ, се со цел сите заедно да помогнеме да го заштитиме здравјето на сите нас, без никаков исклучок.
Важно е здравјето на сите луѓе, без разлика на нивната верска, национална или друга припадност!