Општина Маврово и Ростуше во соработка со НП Маврово и ЈПКД Маврово изврши дезинфекција на центарите на населените места и селските улици.
И во текот на наредните денови ќе се продолжи со дезинфекција на улици во другите населени места.
Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи да ги зема сите неопходни активности за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.
Ги замолуваме сите наши сограѓани да се придржуваат кон препораките дадени од страна на Владата и Министерството за Здраство.