Локалниот совет за превенција при Општина Маврово и Ростуше …

Mar 10, 2020 by

Локалниот совет за превенција при Општина Маврово и Ростуше …

Локалниот совет за превенција при Општина Маврово и Ростуше на денешната 4 – та седница за превентивна заштита од корона вирусот ги донесе следните заклучоци:

1. Да се почитуваат препораките од Владата на РСМ и Министерство за Здраство кои се споделени на истава ФБ страница во предходната објава.

2. Се известуваат сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните земји (Италија, Германија идр) да се само изолираат во период од 14 дена, и телефонски да ги известат своите матични доктори или Здравствениот дом во Ростуше, давајќи информации за нивната здравствена состојба.

3. Агенциите кои превезуваат патници од високоризичните земји да достават листа на патници кои допатувале од ризичните подрачја во периодот од 01. 03. 2020 година до општината, и истата редовно да се ажурира.

4. Се препорачува граѓаните од нашата општина да се воздржат од непотребни патувања надвор од местото на живеење.

5. Се препорачува на нашите граѓани да избегнуваат било какви посети по роднини и пријатели, помалку блиски контакти, поздравување со рака итн.

6. Оддржувајте ја личната хигиена, често мијте ги вашите раце со сапун подолго од 30 секунди, почесто проветрувајтеги вашите простории и правите дезинфекција во вашите домови.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3