Проект за локална регионална конкурентност

Feb 26, 2020 by

Проект за локална регионална конкурентност

роект за локална регионална конкурентност – План за управување со животната средина и социјалните аспекти за потпроектот: Развој на туризмот во Мавровската долина

Општината Маврово и Ростуше како носител на под-проектот и партнерот во под-проектот ЈУ Национален Парк “Маврово” во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“ поддржан од страна на ЕУ, администриран од Светска Банка и спроведуван од Кабинет за Заменик Претседател на Владата задолжен за Економски Прашања – КЗПВЕП, проектна компонента „Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите“ го изготви под-проект “Развој на туризмот во Мавровската долина ” со цел развој на туристичкиот потенцијал на општината Маврово и Ростуше и Националниот парк “Mаврово”  преку отварање на три излетнички локации, уредување на велосипедски и планинарски патеки, уредување на патеката која води до познатиот водопад Дуф кај с. Ростуше, и поставување на набљудувачници за диви животни со што ќе се збогати туристичката понуда во овој регион.

Општината Маврово и Ростуше и партнерот во под-проектот ЈУ Национален Парк “Маврово” во рамките на апликацијата, подготвија План за управување со животната средина и социјални аспекти за под- проектот Развој на туризмот во Мавровската долина” со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од погоре наведените проектни активности. Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.

 

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3