Примопредавање на две машини – Трактори и други додатни елементи

Dec 24, 2019 by

Примопредавање на две машини – Трактори и други додатни елементи

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и Директорот на Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион, Фатмир Саити, извршија примопредавање на две машини – Трактори и други додатни елементи.
Проектот за Набавка на Машините – Трактори беше реализирана преку Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион, додека срествата беа обезбедени од МЛС/БРР (Биро за Регионален Развој).
Од овој проект, Општина Маврово и Ростуше доби два Трактори од марка Махиндра 9200ЦХ со кабина, две предни даски за чистење на снег Т345 Х, две Соларки Н 065 и еден Тракторски Мулчер во вредност од околу 4.2 милиони денари.
Со реализација на овој проект од страна на Градоначалникот и Општинската администрација, ќе се подобри одржувањето на јавната чистота во сите населени места од општината, воедно ќе се подобрат и условите за живот на сите Наши граѓани.

 

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3