Градоначалникот Медат Куртовски денес учествуваше на настан во с. Беличица…

Sep 19, 2019 by

Градоначалникот Медат Куртовски денес учествуваше на настан во с. Беличица…

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски денес учествуваше на настан во с. Беличица каде положи свежо цвеќе на споменикот во Беличица и Трница подигнати во спомен на загинатите борци од фашистичкиот злостор направен во 1944 година.
Настанот беше организиран од страна на Општинската Организација на Сојузот на Борци – Гостивар.
Градоначалникот Медат Куртовски изрази почит кон сите борци од Мавровско – Реканскиот крај кој зеле активно учество во НОВ, кон борците на третиот тетовско партизански одред, како и сите борци кои учествувале во НОВ и жртви на фашистичкиот терор кои своите животи ги вградија во темелите на слободата и создавањето на Македонската држава. Со желби никогаш повеќе да нема војни и страдања.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3