Општина Маврово и Ростуше категорично ги отфрла искажаните невистини…

Oct 14, 2019 by

Општина Маврово и Ростуше категорично ги отфрла искажаните невистини…

Општина Маврово и Ростуше категорично ги отфрла искажаните невистини од страна на пратеникот во Сообранието на РСМ, Дафина Стојаноска.
Имено на партиска активност, пред своите членови, во отсуство на искреност во себе да се каже вистината за успешната работа на локалната самоуправа, како и немање визија и идеи за иднината и развојот на овој регион, Пратеничката си зеде за право преку искажување на невистини да ја манипулира јавноста дека Општината нема реализирано крупни капитални проекти.
Не дека сме погодени од овие искажани невистини, туку само поради јавноста сакаме да ја потсетиме Пратеничката, дека за нецели две години Општина Маврово и Ростуше со свои срества и срества обезбедени од буџетот на РСМ ги има реализирано следните капитални проекти:
1. Нова општинска зграда во вкупна вредност од околу 18 милиони денари.
2. Реконструкција, проширување и асфалтирање на патен правец во с. Велебрдо во должина од околу 1 км во вредност од околу 2 милиони денари.
3. Атмосферска канализација во с. Велебрдо во вредност од околу 1 милион денари.
4. Селска водоводна мрежа во с. Требиште во вредност од околу 1,7 милиони денари.
5. Потпорни ѕидови во с. Жировница со кој ќе се обезбедат над 50 паркинг места, проект вреден над 8 милиони денари.

Исто така сакаме да ја информираме јавноста дека во тек е процедура за реализација на следните крупни капитални проекти:
1. Реконструкција и асфалтирање на локален пат до Ново Село проект вреден околу 1.4 милиони денари.
2. Реконструкција, рехабилитација на локален пат во с. Присојница, проект вреден околу 4.2 милиони денари.
3. Реконструкција со доградба на локален пат до с. Ростуше обезбедени над 20 милиони денари од АФПЗРР.
4. Изградба на канализациона мрежа во с. Ростуше, проект во вредност од околу 3 милиони денари.
5. Санација на доводна линија за водоснабдување во с. Скудриње, проект вреден околу 1,4 милиони денари.
6. Реконструкција, проширување и асфалтирање на дел од локален пат за с. Скудриње, во вредност од околу 12 милиони денари.
7. Изградба на паркинг и реконструкција на две улици во Маврово, проект вреден над 6 милиони денари за кои се обезбедени срества од сопствениот буџет на Општината.
8. Се реконструира патот околу мавровско езеро од страна на ЈПДП.
9. Изградба на водовод во с. Аџиевци преку Министерство за Транспорт и Врски, проект вреден околу 7 милиони денари.
10. Канализациона мрежа во Маврови Анови, проект во вредност од околу 500.000 евра..

На крај само сакаме да ја информираме јавноста дека Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи со реализација на сите предвидени проекти и решавање на сите проблеми кои се во наша надлежност се со цел подобар живот за Нашите граѓани.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3