Градоначалникот Медат Куртовски беше на тематско патување во Р. Турција

Nov 11, 2019 by

Градоначалникот Медат Куртовски беше на тематско патување во Р. Турција

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски беше на тематско патување во Р. Турција организирано од страна на Светскиот Сојуз на Турски Општини од каде што пред 3-4 месеци Нашата Општина доби камион за собирање на отпад во вредност од околу 50 илјади евра.
Во рамките на ова патување Градоначалникот Медат Куртовски имаше работни средби со Градоначалниците на Општините Османгази – Бурса, Коџаели, Алтинова – Измит, Бајрампаша – Истанбул како и работна средба со неколку пратеници од Големото Собрание на Р. Турција на кои средби се разменија мислења, искуства, исто така се разгледаа планови како да се продлабочи меѓусебната соработка.
Во рамките на ова тематско патување Градоначалникот Медат Куртовски беше во посета на Социјалниот центар за детски услуги со посебни потреби во општините Зејтинбурну и Бајрампаша, како и посета на центарот за класификација на отпад во Општина Пендик – Истанбул.
Во рамките на ова патување исто така беа посетени неколку центри во Истанбул од каде се врши современа организација за обезбедување на квалитетни услуги за своите граѓани.
За стекнатото искуство од ова патување посебна благодарност упатуваме до Генералниот Секретар на Сојузот на Турски Општини, Фахри Солак.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3