Ровокопач за Општина Маврово и Ростуше

Jun 1, 2019 by

Ровокопач за Општина Маврово и Ростуше

Ровокопач за Општина Маврово и Ростуше.

Градоначалникот Медат Куртовски и Министерот за Финансии, Драган Тевдовски потпишаа договор за давање и трајно користење без надомест Универзален ровокопач – натоварувач со придружна опрема хидрауличен чекан и даска за снег од марка ХИДРОМЕК, модел ХМК 102Б, година на производство 2019.
Општина Маврово и Ростуше преку единица за управување со Проектот за подобрување на општинските услуги, доби нов универзален ровокопач за повеќе намени.
На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.
Во рамките на оваа програма се реализира проектот „Набавка на универзални ровокопачи – натоварувачи за потребите на руралните општини“. Преку набавката на 10 (десет) ровокопачи која е финансирана со средствата од Европската унија, ќе се придонесе кон зајакнување на капацитетите на општинските јавни претпријатија и поквалитетно одржување на инфраструктурата во руралните области. Ровокопачите се доделени на 10 општини кои во група со уште по две општини заеднички ќе можат истите да ги користат, односно вкупно 30 општини ќе бидат корисници на овој проект.

Универзалниот ровокопач е доделен на Општина Маврово и Ростуше, кој заеднички ќе го користат и општините Дебар и Центар Жупа.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3