Потпишан договор за отпочнување на градежни активности во с. Жировница.
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски и директорот на Лабино Трејд од Гостивар потпишаа договор за изградба на потпорни ѕидови за с. Жировница во висина од 6.793.752 денари.
Со потпишување на овој договор ќе се отпочне со градежни активности односно земјани, армирачки и бетонирачки работи преку кои ќе се изгради платформа за уредување на паркинг простор за над 50 паркинг места, со што ќе се намали сообраќајниот метеж кој највиден е во месец август кога доаѓаат нашите сограѓани од Европските земји.
Паричните срества се обезбедени од сопствени приходи од Буџетот на Општината.