Со богата културно – уметничка програма приредена од…

May 3, 2019 by

Со богата културно – уметничка програма приредена од…

Со богата културно – уметничка програма приредена од страна на учениците од Општинските Училишта, естрадните уметници Ајмен Рамадани, Абдул (Дуле) Златко Милошески и Емрах Мехмеди, свечено беше одбележан денот на општината.
Годишнините се пригодни моменти да се преиспитаме до каде сме стигнале и што сме направиле во изминатиот период. Со задоволство можам да констатирам дека со досегашните реализирани проекти во инфраструктурата, образованието, водоводи и атмосферски канализации и други проекти Општина Маврово и Ростуше ќе стане модерна и современа европска општина, изјави градоачалникот Медат Куртовски на днешената свеченост по повод Денот на општината. Градоначалникот Куртовски кажа дека ќе работи на подобрување на инфрастурктурата, подршка на спортот и културата, меѓунаордната соработка, искористеноста на ИПА фондовите како и на развојот на алтернативниот туризам. Во иднина активностите ќе бидат насочени кон реализација на капитални проекти, подобрување на патната инфраструктура, заштита на животната средина, подобрување на водоснабдувањето, на условите во образованието, проекти кои ќе бидат од големо значење на општината и целиот регион.
Градоначалникот Медат Куртовски ги повика сите наши сограѓани, жители и пријатели на општината, сите наши браќа и сестри од дијаспората на заедничка соработка со себе со советот и администрацијата на општината се со цел да направиме Општина Маврово и Ростуше да го добие својот лик, ликот што го заслужува, Модерна Европска Општина, атрактивна туристичка и бизнис дестинација со квалитетен живот за сите граѓани.
Куртовски најави дека и во иднина Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива уште повеќе и ќе стане уште поубаво место за живеење.
Маврово и Ростуше е една од најмладите, најперспективни и најмодерни општини која интензивно се развива, што се должи на големата работа, ентузијазмот и иницијативата и одличната соработка помеѓу Градоначалникот, администрацијата и Советот.
Општината на денот додели благодарници за афирмација и придонес во развојот на Општината на Миле Зечевиќ советник на Премиерот на РСМ, Омер Дурмиши директор на Здраствениот Дом Др. Русе Бошкоски Ростуше, Нусрет Јакупиглу Зам. Претседател на Мак- Гоч Маниса. Ферит Адеми, Зумер Јакупи, Бешир Рамадани, Аднан Салиу за најуспешен претседател на МЗ,како и додели благодарници за ученици на генерации, освоени трофеи во турнир во мал фудбал и како и благодарници за други активности.

Нека ни е честит Денот на Општината.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3