Ученици од седмо одделение при ОУ Ѓорѓи Пулески од Ростуше…

Mar 12, 2019 by

Ученици од седмо одделение при ОУ Ѓорѓи Пулески од Ростуше…

Ученици од седмо одделение при ОУ Ѓорѓи Пулески од Ростуше заедно со нивниот класен раководител Тасим Асани ја посетија Нашата Општина.
Целта на посетата беше запознавање со работата на Градоначалникот, Советот на Општината како и работата на општинската администрација.
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше накратко ги запозна со карактеристиките, профилот, културното богаство на општината, со својата работа, надлежностите и обврските кои произлегуваат од функцијата Градоначалник, како и со работата на Советот на Општината, неговите ингиренции, начинот на кои ги носат одлуките во советот како и поставеноста на општинската администрација, функционирањето, обврските кои ги има се со цел подобри услуги за граѓаните на Нашата Општина.
Од страна на учениците беа поставени многу прашања до градоначалникот од сверата на образованието и секојдневниот живот.
Градоначалникот Медат Куртовски изрази голема благодарност за оваа посета кон учениците исто така упати молба до сите ученици најпрво да бидат добри луѓе, добри, редовни и примерни ученици и секој свој миг да го искористат за сопствено надградување преку многу читање на разна литаература.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3