Оглас за возен ред

Jun 24, 2013 by

Оглас за возен ред

Врз основа на законот за превоз на патниот собраќај, Општина Дебар и Општина Маврово Ростуше објавуваат оглас за:
Доставување на барање за одобрување на линии и возни редови за превоз на патници на релација Дебар – Маврово Ростуше и обратно.
Барањата да се достават до општината каде е со седиште превозникот од 25.06.2013 до 15.07. 2013.

Во прилог на барањето да се достават:
1.Копија од лиценца за општински линиски превоз издадено од општина Дебар или од општина Маврово Ростуша
2. 10 (десет) примероци од предложениот возен ред изготвени на пропишан образец
3.Доказ за платена административна такса за регистрација на возниот ред
4.Доказ за платена административна такса за издавање на дозвола
5. Список на возила во сопственост односно возила што ги користи по договор за лизинг со копија од собраќајните дозволи за сите возила.
6. Список на возачи во редовен работен однос со копии од М1 и М2.
prevoz

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3