ОУ Блаже Конески од Скудриње беше одбележан годинешниот патронен празник

Dec 24, 2018 by

ОУ Блаже Конески од Скудриње беше одбележан годинешниот патронен празник

Со многу хумор, драми, рецитали, ора и песни од страна на учениците од ОУ Блаже Конески од Скудриње беше одбележан годинешниот патронен празник на училиштето. На церемонија присутни беа Градоначалникот, Медат Куртовски, Директорите на Здраствениот Дом и Националниот Парк, Директорот на ЈПКД-Маврово, Директорите на СОУ и Основните Училишта, родители и наши сограѓани од повеќе населени места.
Во својот поздравен говор Директорот на Училиштето, Зурап Куртоски на сите присутни им заблагодари за тоа што се дел од оваа прослава по повод патрониот празник на училиштето. Исто така изкажа голема благодарност до Макиттурк за доделената помош на училиштето, на Градоначалникот Медат Куртовски за континуираната поддршка што ја дава на училиштето се со цел да се подобри образовниот процес, како и пофалба за работата на наставниот кадар во Училиштето и другите управни структури како и соработката на оваа воспитно образовна институција со сите денес поканети институции на локално ниво, сметајќи дека само на овој начин со меѓусебна соработка на сите институции може да се очекуваат и повисоки резултати во сите сфери на животот, односно поддржката на Основните Училишта треба да биде сватена како подржка во иднината, бидејќи учениците се нашата иднина, истакна Зурап Куртоски Директор на Училиштето.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3