Општина Маврово и Ростуше во постапката за изготвување на нацарт Буџет за 2019

Dec 10, 2018 by

Општина Маврово и Ростуше во постапката за изготвување на нацарт Буџет за 2019

Општина Маврово и Ростуше во постапката за изготвување на нацарт Буџет за 2019 година одржа трибина со преставници на месните заедници од реканскиот регион. На трибината од страна на преставниците од месните заедници беа презентирани нивните програмски активности за 2019 година. Општината при изготвувањето на буџетот нивните предлози ке ги
земе во предвид како проекти за реализација во тековната година согласно своите финансиски можности.
Во текот на оваа недела ке биде одржана трибина и со преставниците на месните заедници од мавровскиот регион за што истите ке бидат благовремено информирани за терминот и местото на одржување.
Општина Маврово и Ростуше покрај оваа организирана трибина ги повикува сите граѓани кои имаат идеи и предлози за решавање на инфраструктурни потреби од областа на Урбанизам,заштита на животна средина,локален економски развој,комунални дејности,култура,спорт и рекреација,социјална заштита,образование,здравствена заштита и други работи да ги достават до општината во писмена форма или усно до градоначалникот.
Ова нека биде како повик за Ваше вклучување во креирањето на расходната страна на буџетот.
Вашите предлози и идеи да бидат доставени до крајот на оваа недела.
Со почит
Градоначалник Медат Куртовски.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3