Советот на Општина Маврово и Ростуше ја оддржа својата 16’та седница со која претседаваше Претседателот на Советот Алил Алили.
На седницата присуствуваа Градоначалникот Медат Куртовски, директорите на Средното и Основните Општински Училишта како и сите членови на Советот на Општината.
На седницата едногласно беше усвоен ребалансот на буџетот на општината со кој се предвидува:
1. Набавка на возило со дигалка за потребите на Општината за смена на сијалици од канделабрите во Мавровскиот регион како и канделабрите кои се поставени на регионалниот пат под селата Жировница, Ростуше и Скудриње.
2. Реконструкција на водоводна мрежа во с. Требиште.
3. Изградба на канализација за собирање на атмосферските води како и реконструкција и асфалтирање на патот во село Велебрдо.
4. Изградба на канализациона мрежа во с. Ростуше.
5. Уредување на паркинг простор во с. Жировница.
6. Реконструкција и асфалтирање на стариот пат во с. Скудриње во должина од околу 2,5 км.
Како и предвидени средства за други проекти кои се во тек.

Исто така на оваа седница беа усвоени годишните програми на Средното Општинско Училиште, како и годишните програми на Основните Општински Училишта.