Во Домот на Култура во Ростуше оддржана тркалезна маса на тема “ Унапредување на правата на заедниците и комисии за односи меѓу заедниците”, на која свое активно учество зеде и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, Претседателот на Советот Алил Алили, Директорот на Агенцијата за унапредување на Правата на заедниците Илхан Рахман и неговиот зам. Директор Џелал Хоџич, претставници од Институтот за Развој на Заедниците како и членови на Советот на Општината, членови на Комисијата за меѓуетнички односи како и претставници на навладиниот сектор.
На овој состанок беа презентирани надлежностите на Агенцијата за унапредување на правата на заедниците во следење на унапредувањето на правата на заедниците и приоритети во работата, активностите на Комисијата за односи меѓу заедниците како помошно тело на Советот на Општината.