Хуманитарниот Концерт

Oct 12, 2018 by

Хуманитарниот Концерт

Општина Маврово и Ростуше апелира до сите граѓани, да ја искористат можноста преку купување на билет за хуманитарниот концерт, кој ќе се организира на 18.10.2018 година во 19:30 часот во спортската сала во Дебар, да се вклучат во хуманитарната акција, односно да се биде дел од оние кои би спасиле Еден Млад Живот.
Со купување на билет, донирате 200 денари помош потребна за операција на Амина Шаиноска од с. Броштица, Општина Центар Жупа.

Билети за Хуманитарниот концерт може да се купат скоро во сите населени места во локалите или продавниците. (ако сте спречени од било какви обврски да присуствувате на хуманитарниот концерт, може да земете билет и да го поклоните на некој друг).

Исто така со телефонски повик на броевите
Вип – 143 467 и
Т-Мобиле – 143 155 може да донирате 100 денари за операција на Амина Шаиноска.

Парична помош може да се уплати и во Стопанска Банка на жиро сметка 200001235951294

За било какви информации може да се јавите во Општина Маврово и Ростуше на тел. 042 478 8015

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3