Проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион

Sep 26, 2018 by

Проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион

Градоначалникот Медат Куртовски денеска учествуваше на промоција на проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион.
Деветте општини од Полошкиот регион спроведуваат проект за интегрирано управување со отпад финансиран од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања – SECO со грант придонес од 1,9 милиони швајцарски франци.
Проектот е дизајниран да се имплементира во две фази, т.е фаза 1 на проектот обезбедува техничка помош за развој на рамковните услови за ИСО систем во регионот, додека фаза 2 на проектот ќе се фокусира на реализација на регионални инвестициски мерки и потребна институционална подршка.
Проектот е дизајниран да обезбеди напредни решенија за управување со отпад, базирани на концептите и стандардите според ЕУ стандардите.
На промоцијата присуствуваа и Министрите за Животна Средина Садула Дураки и Министерот за Локална Самоуправа Сухејл Фазлиу како и Амбасадорката на Швајцарија.
Регионалната депонија Русино со имплементација на овој проект ќе стани регионална современа депонија со Европски стандарди.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3