Училишното ѕвонче денеска го означи почетокот на новата 2018/2019

Sep 3, 2018 by

Училишното ѕвонче денеска го означи почетокот на новата 2018/2019

Училишното ѕвонче денеска го означи почетокот на новата 2018/2019 учебна година a Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски на првиот ден од новата учебна година го посети Средното Општинско Училиште во Ростуше во кое оваа година настава ќе следат 136 ученици од кои 50 ученици во прва, како и Основните Училишта во Нашата Општина во кои оваа година настава ќе следат околу 550 ученици од кои 52 ученици во прво одделение.
Градоначалникот Куртовски на сите вработени им посака успешна работа а на сите ученици пред се здравје, успех и добри резултати во натамошното образование, потенцирајќи дека квалитетно образование, труд и макотрпна работа е далеку од потребна за помладите генерации оти надежта на Нашата Општина е во младите и образовани кадри кои треба нашиот регион да го направат попросперитетно место со многу подобри услови за живеење.
Исто така Градоначалникот, Куртовски изјави дека учебната година почнува со засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници исите училишта се подготвени да ги дочекаат учениците и да им овозможат нормално одвивање на наставата.
Традиционално, најмногу возбуда имаше кај 52 првооделенци, кои го почнуваат нивното деветгодишно патување низ описменувањето истекнувањето нови знаења во основното образование, но можеби уште повеќе и кај нивните родители, за кои исто така почнува нова страница во животот.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3