Маврово Тура

Jun 18, 2018 by

Маврово Тура

Општина Маврово и Ростуше традиционално и оваа година беше главен покровител на манифестацијата Маврово Тура.
Градоначалникот на Општината Медат Куртовски додели велосипед на среќен добитник кој беше извлечен на лотаријата направена во чест на настанот каде имаше и доделување на други награди од донатори на овој настан.
Во рамките на оваа манифестација се одржаа професионална и рекреативна трка со велосипеди околу Мавровкото езеро и падините на Бистра.
Учесниците имаа добра можност да уживаат во природните убавини кои ги нуди нашиот живописен регион.
Преку целиот ден имаше богата културно уметничка програма и базар каде што учесниците и љубителите на овој спорт имаа можност да купат еколошки производи и ракотворби направени од наши граѓани.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3