3. Фестивал на Скудрински Денови во Измир Р. Турција

May 2, 2018 by

3. Фестивал на Скудрински Денови во Измир Р. Турција

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски присуствуваше на 3. фестивал на Скудрински Денови во Измир Р. Турција.
Оваа манифестација беше организирана прво во Вјалдобедине Италија, вторите средби во Скудриње и овие трети средби беа организирани од страна на здруженијата на жителите со потекло од Скудриње кои живеат ви Измир “Македонја Дебре” од Измир и Здружението кое воедно е и носител на овој проект “Макиттурк – Видор” во Измирската населба Чамдиби.
Покрај овој настан Градоначалникот Медат Куртовски имаше средба со Градоначалникот на збратимената Општина Борнова, Атила Олгун кои заедно свечено го означија новото име на улицата во која живеат Нашинците во “Дебре Сокак”.
Општина Маврово и Ростуше изразува голема благодарност до сите оние кои допринесоа овие средби традиционално да продолжат и оваа година со што наши жители кои живеат и работат во различни држави се собраа на едно место каде имаа можност да се дружат и да си ги видат своите роднини и пријатели.
Исто така голема благодарност до Советникот во Општина Борнова,Ерај Бујук кој даде безрезервна Поддршка во организацијата на овој настан.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3