Во организација на градоначалникот на општина МАВРОВО И РОСТУША г-дин МУКРЕМ МЕХМЕДИ денес по петти пат се одржа манифестацијата МАВРОВО ТУРА на која учествуваа над 1000 велосипедисти од нашата држава како и од Германија, Бугарија, Србија, Косово, Холандија, и Русија . Градоначалникот МУКРЕМ МЕХМЕДИ искажа голема благодарност до сите учесници како и до сите оние кои помогнаа да оваа манифестација биде успешно реализирана. Општината МАВРОВО И РОСТУША во соработка со многу приватни фирми, хотели од целата наша држава награди многу учесници на овој велосипедски маратон со разно разни награди.
Целта, како што истакнa градоначалникот Мукрем Мехмеди, е да се промовираат убавините на Мавровско-Реканскиот крај, да се стимулира развојот на општината и на велосипедските и пешачките ентузијасти да им се овозможи да уживаат во убавата природа.
– Македонија е прекрасна земја полна со убавини, со прекрасна природа и таа има многу да понуди. Затоа мислам дека тие треба да се чуваат и промовираат истакна градоначалникот на општина Маврово и ростуша г-дин Мукрем Мехмеди.