Градоначалникот Медат Куртовски оддржа работна средба со преставници на ЕВН – КЕЦ Струга

Jan 6, 2018 by

Градоначалникот Медат Куртовски оддржа работна средба со преставници на ЕВН – КЕЦ Струга

Градоначалникот Медат Куртовски оддржа работна средба со преставници на ЕВН – КЕЦ Струга.
На средбата беше разговарано за честите прекини на дотур на електрична енергија, Превземените активности од страна на ЕВН КЕЦ Струга за реконструкција односно промена на електрични столбови, сноб кабли на територијата на Нашата Општина за минатата 2017 година, како и работи кои треба да се завршат во наредната 2018 година за подобрување на услугите кои ги дава оваа компанија на корисниците на нивните услуги т.е граѓаните.
Од страна на Градоначалникот и службите на Општината беа укажани недостатоците, проблемите со старите електрични столбови, проблемите на кои наидуваат нашите граѓани при барање нов приклучок за користење на електрична енергија, проблемите со исклучување на електрична енергија претежно на нашите граѓани кои се на привремена работа во странство а не се во можност секој месец да вршат исплата на сметките од објективни причини, како и други проблеми кои се јавуваат секојдневно во врска со ЕВН.
Во согласност од двете страни се донесоа неколку заклучоци и тоа поактивна промена на старите електрични столбови, промена на жиците во сноб кабли, санација на главната линија за дотур на електрична енергија до с. Жировница, како и посериозен пристап од ЕВН за да се намали бројот на прекини на електрична енергија до крајните корисници – граѓаните.
На овој состанок присутни беа и Претседателот на Советот на Општината Алил Алили, директорот на Агенцијата за Управување со Одземен Имот, Фатон Асани, директорот на Здраствен Дом, Омер Дурмиши и командирот на ПС Ростуше, Рефик Пајкоски. 

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3