Градоначалникот, Медат Куртовски на последниот ден од оваа учебна година

Dec 31, 2017 by

Градоначалникот, Медат Куртовски на последниот ден од оваа учебна година

Градоначалникот, Медат Куртовски на последниот ден од оваа учебна година ги посети сите училишта во нашата општина. Градоначалникот разговараше со професорите за условите во училиштата, за надминување на евентуалните недостатоци, за вложување во иновации во образовниот систем, а на сите ученици подарувајќи им новогодишни поклончиња им упати честитки за поуспешна нова 2018 година посакувајќи им многу здравје, успех како и добар и пријатен зимски распуст.
„Среќен сум што денеска денот ни започнува со дружење со овие прекрасни деца. Како Општина секогаш се грижиме да правиме добри дела и да дадеме пример до другите дека овие наши деца се нашата иднина и заслужуваат многу големо внимание, ова е наш начин да им ги разубавиме новогодишните празници” , изјави Градоначалникот Медат Куртовски.
Учениците видно задоволни и расположени му заблагодарија на Градоначалникот за неговите желби и пораки кои им ги испрати на нивна адреса и му посакаа плодна и успешна работа во новата 2018 година.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3