Маврово Тура

Jun 12, 2017 by

Маврово Тура

Ве покануваме на овогодинешната манифестација „Маврово Тура“, која што по десетти пат ќе се одржи на 18-ти јуни 2017 година.

Во рамките на манифестацијата предвидени се професионални и рекреативни трки околу Мавровското Езеро и падините на планината Бистра, со што љубителите на велосипедизмот ќе имаат можност да уживаат во природните убавини на регионот.

Место на настан: плоштад, с. Маврово.

Почеток на маратонските трки:

09:00 часот – Големиот маратон;

09:30 часот – Малиот маратон.

11:00 часот – Рекреативна трка околу Мавровското Езеро

*Со купување на маица од настанот, присутните ќе имаат можност да се возат бесплатно на жичарницата до планината Бистра, да ја посетат пештерата Шаркова Дупка и да учествуваат во лотарија на која ќе бидат доделени повеќе награди.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3