Во присуство на Градоначалникот Мукрем Мехмеди, преставници на Европската Унија, Градоначалникот на Општина Ѓинар – Албанија која е наш партнер во овој проект за прекугранична соработка, директорите на НП-Маврово и ЈКПД-Маврово како и голем број производители на ЕКО производи од Долнореканскиот и Мавровскиот регион се отпочна со изградба на пазарите кои се дел од ИПА – Програмата за прекугранична соработка на ЕУ помеѓу Општина Маврово и Ростуше од Македонска страна и Општина Ѓинар од Албанска страна преку проектот ”Промоција на еко производи во прекуграничната област”. Двата пазарa во Маврово-Ростуше треба да бидат готови до крајот на годинава и, според градоначалникот на општината Мукрем Мехмеди, со нив треба да се реши долгогодишниот проблем со немање пазарен простор поради што жителите од општината ги посетувале пазарите од околните места за да можат да набават производи за своите домаќинства или да продадат производи кои самите ги произведуваат. Капацитетот на пазарот кај Ростуше ќе биде со 50 тезги додека тој кај Маврово со 20 тезги. Партнер на општината во реализација на овој проект е Националниот парк Маврово како извор на различни еко производи, билки за чаеви, печурки, шумско овошје, мед, млеко, сирење и други млечни призводи. За таа цел во изманатиот период биле организирани обуки со месното население за начинот на правилно користење на овие природни богатства и нивна подобра продажба не само на познати купувачи, туку и на домашни и на странски туристи.
Исто така во Хотел Туто во Јанче беше организиран натпревар за најдобри ЕКО-Производи во кој учествуваа голем број на наши граѓани кои произведуваат и тоа како добра ЕКО-Храна.
EKO 1 eko 2 eko 3 eko 4