Започна новата учебна година за 619 ученици од нашата општина

Sep 1, 2015 by

Започна новата учебна година за 619 ученици од нашата општина
Училишното ѕвонче денеска го означи почетокот на новата 2015/2016 учебна година a Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди на првиот ден од новата учебна година го посети Средното Општинско Училиште во Ростуша во кое оваа година настава ќе следат 137 ученици од кои 45 ученици во прва, како и Основните Училишта во Нашата Општина во кои оваа година настава ќе следат 619 ученици. Градоначалникот Мехмеди на сите вработени им посака успешна работа а на сите ученици пред се здравје, успех и добри резултати во натамошното образование, потенцирајќи дека квалитетно образование, труд и макотрпна работа е далеку од потребна за помладите генерации оти надежта на Нашата Општина е во младите и образовани кадри кои треба нашиот регион да го направат попросперитетно место со многу подобри услови за живеење. Исто така Градоначалникот, Мехмеди изјави дека учебната година почнува со засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници и сите училишта се подготвени да ги дочекаат учениците и да им овозможат нормално одвивање на наставата. Традиционално, најмногу возбуда имаше кај 68 првооделенци, кои го почнуваат нивното деветгодишно патување низ описменувањето и стекнувањето нови знаења во основното образование, но можеби уште повеќе и кај нивните родители, за кои исто така почнува нова страница во животот.
a prvacinja 1 a prvacinja 2 a prvacinja 3 a prvacinja 4 a prvacinja 5 a prvacinja

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3