ECO GREEN WEEKEND ВО МАВРОВО

Aug 6, 2015 by

ECO GREEN WEEKEND ВО МАВРОВО

image

ECO GREEN WEEKEND ВО МАВРОВО

Во петок, сабота и недела (07; 08; и 09. август ) во покровителство на Градоначалникот Мукрем Мехмеди во Маврово ќе се оддржи 3-от Еко Грин Маврово Викенд (Eco Green Mavrovo Weekend). Уште една година, прекрасната природа на Маврово ќе биде биде домаќин на сите посетители кои што сакаат да кампуваат, да се забавуваат, рекреираат и целосно да се препуштат на преубавите места во и околу Маврово.

Сите се поканети и добредојдени во Маврово од петок наутро, совршеното време за поставување на вашиот шатор. Сите настани и активности од забавно рекреативен карактер ќе се случуваат веднаш до објектот Спорт Центар Маврово. Тука сите гости ќе можат да кампуваат и да бидат сместени веднаш до главните случувања.

Првиот ден од Еко Грин Викендот во Маврово пред се’ ќе биде исполнет со музичка програма, а за забавата задолжени се План Г, Диџеј Зомакс, Лефанк, Ана Мало & Еми Ермилова и Енцефалопатикус.

Саботното утро е резервирано за планинарската тура Маврово -Чавкарник – Маврово. Во текот на денот ќе се дегустираат превкусните традиционални јадења од Мавровскиот регион, ќе има друштвени игри, ќе се риболови…

Ќе биде претставен и живописниот фолклор од ова подрачје, па на Еко Грин Викендот ќе се слушаат зурли и тапани, кавали и гајди, а ќе продефилираат и уникатни народни носии.

Забаватата програма е кроена за сите возрасти и вкусови. Во сабота, покрај Диџеј Баже од Антена 5 и Диџеј Боби, свој настап ќе има и српската супер ѕвезда – Жељко Самарџиќ.

За заокружување на неповторливиот викенд, во недела наутро ќе биде организирана тура за вљубениците на планинскиот велосипедизам, тука е патеката околу Мавровското Езеро.

Откако ќе се заврши со активностите, сите заедно ќе се погрижиме за прекрасната околина да остане каква што сме ја нашле – чиста, недопрена и преубава. 

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3