Свечено одбележан денот на општината

May 8, 2015 by

Свечено одбележан денот на општината
Со богата културно – уметничка програма приредена од страна на учениците од Општинските Училишта, естрадните уметници Благоја Груевски, Емрах Мехмеди, Златко Милошески и Ершан Хурман свечено беше одбележан денот на општината.

 


Годишнините се пригодни моменти да се преиспитаме до каде сме стигнале и што сме направиле во изминатиот период. Со задоволство можам да констатирам дека успеавме да ја оправдаме сликата за Маврово и Ростуша како модерна и современа европска општина, изјави градоачалникот Мукрем Мехмеди на днешената свеченост по повод Денот на општината. Градоначалникот Мехмеди уште еднаш потсети на се она што досега е реализирано, подобрената инфрастурктура, подршка на спортот и културата, меѓунаордната соработка, искористеноста на ИПА фондовите како и на развојот на алтернативниот туризам. Во иднина активностите ќе бидат насочени кон реализација на капитални проекти, подобрување на патната инфраструктура, заштита на животната средина, подобрување на водоснабдувањето, на условите во образованието, на условите за подобро и подостапно здраство, проекти кои ќе бидат од големо значење на општината и целиот регион.
Градоначалникот Мехмеди ги повика сите наши сограѓани, жители и пријатели на општината, сите наши браќа и сестри од дијаспората на заедничка соработка со себе со советот и администрацијата на општината се со цел да направиме Општина Маврово и Ростуше да го добие својот лик, ликот што го заслужува, Модерна Европска Општина, атрактивна туристичка и бизнис дестинација со квалитетен живот за сите граѓани.
Мехмеди најави дека и во иднина Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива уште повеќе и ќе стане уште поубаво место за живеење.
Прославата се одржа во салата Македонија која е дел од спортско рекреативниот центар Радика во присуство на Градоначалникот на Општината Јунус Емре од Р. Турција, Мехмет Черчи и неговиот заменик Рамиз Шијак кој е по потекло од Жировница и Градоначалникот на Општина Џинар, Р. Албанија како и голем број на гости од Р, Турција, соработници и пријатели на општината.
Маврово и Ростуше е една од најмладите, најперспективни и најмодерни општини која интензивно се развива, што се должи на големата работа, ентузијазмот и иницијативата и одличната соработка помеѓу Градоначалникот, администрацијата и Советот.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3