Работна средба со МЦГО

Mar 10, 2015 by

Работна средба со МЦГО
Денес во Општината се одржа работна средба помеѓу Претставници на Општината и Македонски Центар за Граѓанско Образование.

На средбата учествуваа Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, Претседателот на Советот на Општината Неџат Исмаили, Директорот на ОУ Блаже Конески, Амзо Ахмедоски, Претставници од Комисијите за Образование и Меѓуетнички односи и Претставници од Македонски Центар за Граѓанско Образование.
На средбата се разговараше за досегашната успешна соработка со Основните Училишта од Нашата Општина во Проектите за Меѓуетничка интеграција во образованието кои ги реализираа минативе години како и продлабочување на соработката и интензивирање на активностите за меѓуетничка интеграција во образованието и за други проекти од МЦГО. Исто така се разговараше за начинот и содржината на натамошната меѓусебна соработка.

muk

Download mp3