Во општинската сала за состаноци, Советот на Општината ја оддржа својата 25″та седница на која седница присуствуваа сите Советници, Градоначалникот, директорите на Општинските училиштата и ЈКП-Маврово. На седницата меѓу другото се даде образложение и се разви плодна дискусија околу завршните сметки на Општината, СОУ, ЈКП-Маврово, Основните Училишта кои гравитираат во Нашата Општина. како и се даде образложение на финансискиот план на ЈКП-Маврово за 2015 година.

Советот на Општината со кој претседаваше Претседателот на Совет, Неџат Исмаили на оваа седница ги усвои следните завршни сметки како и ги донесе следните одлуки:
1. Усвоени завршни сметки за 2014 година на четирите општински О.Училишта ОУ„Блаже Конески“ Скудриње; ОУ „Ѓорѓи Пулесли“-Ростуше; ОУ „Јосип Броз Тито“-Жировница; ОУ „Денче Дејаноски“-Маврови Анови.
2. Усвоена завршна сметка за 2014 година на СОУ „Маврово-Ростуша“ – Ростуше.
3. Усвоен годишниот извештај за остварени приходи и расходи на ЈПКД „МАВРОВО“ од Маврови Анови за 2014 година.
4. Усвоена завршната сметка на ЈПКД „Маврово“ од Маврови Анови за 2014 година.
5. Донесена годишната програма за работа на ЈПКД „Маврово“ од Маврови Анови за 2015 година
6. Усвоен финансискиот план на ЈПКД Маврово од МавровиАнови за 2015 година.
7. Усвоен годишниот извештај на Општина Маврово и Ростуша за 2014 година.
8. Усвоена завршната сметка на Буџетот на Општина Маврово и Ростуша за 2014 година со донесена – Одлука за одобрување на завршна сметка за 2014 година.
9. Донесена одлука за формирање Младински Општински Совет на Општина Маврово и Ростуше.
10.Формирање на Општински Совет за Безбедност во сообраќајот на патиштата во Општина Маврово и Ростуше.

sovet 26.02.2015