Врз основа на член 24 и член 50-а став 6 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10 , 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) и член 50 од Законот за локална самоуправа (Службен Весник на Р.М бр. 5/02), Градоначалникот на оппштина Маврово и Ростуша го дава следното

 

СООПШТЕНИЕ

За организирање Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт – Урбанистички План за село БИТУШЕ со разработка на блок 1 – КО Битуше

Општина Маврово и Ростуше нацрт план 2014-2024

 

Општина Маврово и Ростуше организира Јавна презентација и Јавна анкета за донесување на Урбанистички План за село Битуше со разработка на блок 1, КО Битуше – Општина Маврово и Ростуше . Опфатот е со вкупна површина од 9,01 ха.

 

Урбанистичкиот План за село Битуше со разработка на блок 1 зафаќа опфат на запад границата се движи по катастарските парцели КП193, КП191, КП190, КП204, КП267, КП272, КП275, КП276, КП542, КП535, КП534 на југ границата се движи низ КП1292, по јужната граница на катастарските оарцели КП561, КП564, КП565, КП566/2, КП567, КП570, КП578, КП579, КП580 на исток границата се движи по источната граница на катастарските парцели КП580 , КП581, КП600, КП597, КП613, КП624, КП625, поминува низ КП674/1 и продолжува по исоточната граница на КП691, КП692, продолжува по јужната граниоца на КП893, по источната граница на КП893, северната граница на КП893, продолжува по јужната граница на КП891, КП890, КП889, КП865, по источната граница на КП865, КП866, КП874. На север границата се движи низ КП874, продолжува по северната граница на КП874, КП766, КП763, КП762, КП757, низ КП755, КП162.

 

Јавната анкета ќе се спроведува во периодот од 10 работни дена и тоа од 23.02.2015год. (понеделник) до 06.03.2015 год.(петок), а стручната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Маврово и Ростуше во с.Ростуше на ден 25.02.2015 год. (среда) со почеток во14 часот .

Јавната Анкета ќе се спроведе со изложување на Урбанистичкиот План за за село Битуше со разработка на блок 1 во горенаведениот период во просториите на општина Маврово и Ростуша во с.Ростуша и во просториите на одделението за урбанизам на Општината во Маврови Анови.

 

Заинтересираните правни и физички лица своите забелешки можат на Анкетни листови да ги поднесат секој работен ден во период од 08 до 16 часот во општина Маврово и Ростуша – одделение за урбанизам во Маврови Анови .

 

 

Градоначалник

Мукрем Мехмеди