Министерот за Транспорт и Врски, Миле Јанакиевски беше во посета на Нашата Општина

Jan 20, 2015 by

Министерот за Транспорт и Врски, Миле Јанакиевски беше во посета на Нашата Општина

Во рамките на посетата оствари работна средба со Градоначалникот Мукрем Мехмеди и претставници на локалната самоуправа, на која средба беше разговарано за реализираните проекти во 2014 како и за проектите кои се во тек на реализација и планираните проекти кои треба да се реализираат во наредниот период во заедничка соработка на Министерството и Општината.
По завршувањето на работната средба Министерот Јанакиевски и Градоначалникот Мукрем Мехмеди и официјално го пуштија во употреба целосно реконструираниот водовод во с. Ростуше за кој беше одвоено околу 8,5 милиони денари.
-Извршена е целосна реконструкција на водоводната мрежа, со тоа што еднаш засекогаш се решава проблемот со водоснабдување на ова населено место. Беше многу застарена мрежа која беше пред се од азбестни цевки, сега се ставија нови цевки, кои се посигурни и со тоа се минимизира бројот на дефектите и загубата на вода во мрежата. Со овој прокет се решава едно доглогодишно отворено прашање за жителите на Ростуше за што се инвестирани 8,5 милиони денари, изјави министерот Јанакиески, најавувајќи и други проекти со цел подобрување на условите за живот на граѓаните.
За првиот човек на Општината, Градоначалникот Мукрем Мехмеди ова е проект од исклучително значење, пред се од здравствен акспект на жителите и секако навремено и редовно снабдување со здрава вода за пиење.
-Реализацијата на овој проект е резултат на многу добрата соработка на Општина Маврово Ростуше и Министертството за транспорт и врски. Со пуштањето во употреба на оваа дистибиутивна мрежа се отрануваат азбестните цевки, стари педесеттина години. Покрај тоа предвидени се и други проекети кои ќе се реализираат во соработка со Министерството, истакна Градоначалникот Мехмеди.

mavrovo_rostuse1) mavrovo_rostuse2 mavrovo_rostuse3

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3