продолжува Ски сезоната „Маврово 2015“

Jan 16, 2015 by

продолжува Ски сезоната „Маврово 2015“

image

продолжува Ски сезоната „Маврово 2015“
Ски сезоната „Маврово 2015“ чиј покровител е Градоначалникот Мукрем Мехмеди во соработка со Швајцарската Swisscontact, Ски Центарот и НП Маврово преку проектот Destination Management односно Управување со Туристичка Дестинација кој предвидуваше изработка на стратегија и имплементација на истата за долгорочно развивање на туризмот на целата територија на Општината, продолжува и овој викенд каде што за сите гости ќе биде понудена богата програма со забава за сите туристи-љубители на зимско рекреативните спортови од сите генерации.

Во Сабота 17.01.2015 година кај Трифкова колиба, Маврово сите лјибители ќе имаат можност да се забавуваат со концерт на отворено со музичката група С.А.Р.С. а ќе има и голем попуст во цената на картата за жичара и ќе изнесува 250 денари. World Snow Day ќе биде одбележан на 18 јануари со програма за деца со бесплатна ски карта за нив. Децата ќе имаат можност да се дружат со Петко + и неговата дружина преку снежни игри, песни и авантури. Ден потоа предвидена е забава на бачило. Алпскиот куп Скади 2015, каде скијачите од 5 до 15 години ќе уживаат на падините на Бистра – Маврово ќе се одржи од 31 Јануари до 2 Февруари. Од 13 до 16 Февруари предвидено е одржување на Телемарк скијањето. Денот на виното и вљубените ќе се одржи на 14 февруари, додека на 20 и 21 февруари планирано е реализиција на хуманитарниот велеслалом, а исто така традиционалниот Мавровски меморијал предвиден е за 28 февруари кој треба да трае до 1 март. За сите припаднички на понежниот пол по повод 8 март денот на жените ќе има бесплатни ски карти исто така планирана е забава на Бачило и во диско клубот Ратрак. Сите посетители имаат можност да ги користат попустите кои ги нудат сите хотели и ресторани во Маврово, како и дополнителни услуги од страна на хотелите со бесплатна опрема и часови за скијање за деца од 4 до 12 години.
image

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3