Благодарница на Општина Маврово и Ростуше за значаен придонес во реализација на ”Традиционалните Спортски Игри – Спортски Бон – Тон”.

Во СЦ „Борис Трајковски” се одржа завршната манифестација на петмесечниот проект „Традиционални спортски игри – Спортски Бон-Тон” кој изминатиов период се реализираше преку спортско-културни манифестации во општините Маврово и Ростуше, Велес, Карпош, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.
Оваа прекрасна спортско-културната манифестација „Традиционални спортски игри – Спортски Бон-Тон“, беше под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
Целта е промовирање на Спортски Бон-Тон како модел на интегрирање на децата од училишна возраст, во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавaњe со традицијата, културата и обичаите.

sportski bon ton sportski bon ton sk