Паметни табли и во СОУ Маврово – Ростуше

Dec 10, 2014 by

Паметни табли и во СОУ Маврово – Ростуше

Паметни табли и во СОУ Маврово – Ростуше
Општина Маврово и Ростуше во соработка со Средното Општинско Училиште набавија 6 паметни табли.
– Smart Board продуктот е иновација која веќе ги придвижува образованието, организациите и компаниите од целиот свет напред, правец во кој треба да се движи и Нашата Општина. Олеснувањето на образованиот процес е клучна за развој и напредок, а паметната табла токму тоа го овозможува. Во сите видови на едукација, дијалог и интеракцијата се основа за ефикасност и токму затоа сум убеден дека набавката на дека Smart Board е извонреден проект за образовниот систем во Нашата Општина – рече Градоначалникот Мукрем Мехмеди.
– Голем број образовни институции во светот веќе подолг период активно ги употребуваат во секојдневното работење SМАRT Board и со тоа придонесуваат кон побрзо и поефикасно учење – рече Директорот на Училиштето Бајрам Требишки.
Паметните табли истовремено претставуваат проектор и платно, екран, табла и компјутер, поврзани преку софтвер коj овозможува креирање, учење и управување.
Учениците од средното училиште веќе имаат можност во пракса да погледнат и успешно да ги применуваат и да изучуваат настава со помош на интерактивната паметна табла. pametna tabla

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3