Министерката Јанкулоска и Градоначалникот Мехмеди во Ниќифорово

Nov 19, 2014 by

Министерката Јанкулоска и Градоначалникот Мехмеди во Ниќифорово
Во Никифорово денеска е пуштено во употреба повеќенаменско игралиште, инвестиција од седум милиони денари, реализирана на иницијатива на Општина Маврово и Ростуша преку владиниот проект за таа намена и Агенцијата за млади и спорт.

Игралиштето го пуштија во употреба Министерката за Внатрешни Работи Гордана Јанкулоска, Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Мукрем Мехмеди и Директорот на АМС Марјан Спасески. Тоа е 26-то пуштено игралиште во употреба од предвидените 100 повеќенаменски игралишта со проектот на Владата, а според Агенцијата за Млади и Спорт, уште 23 низ целата држава се завршени и подготвени за отворање.
Изградено е на површина од 1.300 метри квадратни и со димензии 45 x 28 метри, со можност за играње кошарка, мал фудбал, ракомет, серва и други спортови. Ќе може да се користи и во вечерните часови бидејќи е осветлено со рефлектори.
Според министерката Јанкулоска, придобивките од спортот треба да ги чувствуваат сите граѓани без разлика на местото на живеење во Македонија.
– Пуштањето во функција на повеќенаменското спортско игралиште кое е изградено во рамки на проектот на Владата на РМ „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта“ го гледам повеќе како една силна порака – дека спортот не е и не треба да биде ексклузивитет само на големите урбани центри, туку подеднакво како можност што треба да му се пружи секому и секаде. Денеска село Никифорово е пример за тоа, рече Јанкулоска.
Спортот и изградбата на спортски објекти остануваат на врвот на листата на приоритети во моето работење, истакна Градоначалникот Мехмеди.
Овие спортски објекти ќе придонесат да се зголеми бројот на млади луѓе кои рактикуваат поздрав начин на живеење, правила на фер плеј и тимска игра, а бидат доволно далеку од пороците на денешницата.
Владата на Р. Македонија, Агенцијата за Млади и Спорт и Општина Маврово и Ростуша ја потврдија сопствената заложба за градење на општество базирано на знаење и јакнење на духот и физичкото здравје кај младата популација.
Ова игралиште ќе биде гордост за сите возрасти, особено помладите генерации кои сега ќе имаат пристојни услови за работа, и ќе можат да спортуваат и да го развиваат својот талент токму на територијата на Нашата Општина, поблиску до своите домови истакна Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Мукрем Мехмеди.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт се осврна на инвестициите и вложувањата во спортот и во спортската инфраструктура.
– Од капиталните инвестиции во спортот, кои ги реализира Владата, преку АМС придобивки видоа многу општини. Придобивки виде и општината Маврово и Ростуша каде ја изградивме спортската сала Македонија во село Ростуше, a денес го предаваме во употреба овој повеќенаменски терен, а во следниот период ќе инвестираме и во изградба на еден тениски терен во Маврови Анови”, потенцираше Спасески.
Тој им порача на младите активно да го трошат слободното време во спорт и рекреација. – Затоа спортувајте, вежбајте, натпреварувајте се, а ние ќе го следиме секој ваш успех и ќе го вреднуваме секој ваш резултат, наведе Спасески.

n7 n1 n2 n3 n4 n5 n6

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3