Во рамките на проектот за заштита од климатските промени, Општина Маврово и Ростуша во соработка со УСАИД работи на заштита на општинската зграда преку смена на сите прозорци и надворешна фасада на општинскиот објект. Со новата фасадата и прозори енергетската ефикасност се очекува да биде поефикасна со што значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија и значително ќе се подобрат условите за работа. Според досегашните анализи, климатските промени негативно влијаат врз повеќе сегменти од животот на човекот. Од производство на храна па се до несакани почести поплави и пожари, недостиг на чиста вода за пиење, зголемени температура и други климатски појави кои се невообичаени за одредени периоди во годината. Општина Маврово и Ростуша преку реализација на вакви проекти со адаптација на објектите кон климатските промени ќе допринесе кон ублажување на последиците од климатските промени кои се една од најопасните закани за целото човечанство. Изведувач на градежните работи е Аркеа холдинг со седиште во Нашата Општина. Градежните работи доколку времето дозволи непречена работа, се очекува да завршат за десеттина дена.
fasada fasada1 fasada2 fasada3