Активно се работи на уредување и поплочување на околината на мостот Елен Скок

Oct 30, 2014 by

Активно се работи на уредување и поплочување на околината на мостот Елен Скок

Како резултат од донесените одлуки од состанокот на Управувачкиот Комитет на Пилот Проектот за Локален развој на Дебар и Река кој беше неодамна одржан во просториите на Министерство за Култура- Управа за Заштита на Културно наследство со кој претседаваше Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди, активно се работи на реализација на првата етапа од активностите (проекти) од сверата за заштита на културното и природното наследство во Реканско – Дебарскиот регион.
Како прв приоритет планирана беше проектна активност со кој беше предвидено „Уредување на околината на мостот Елен скок“ во кое беше предвидено уредување на простотот со калдирма, заштитни дрвени огради, изградба на двa видиковци и расветлување на просторот како и организирање на активност од културно-спортски карактер на денот кога работните активности околу уредувањето на мостот ќе завршат, исто така оваа активност ќе стане дел од календарот на културни активности на двете општини и ќе се организира секоја година.

elen skok 1 elen skok 2 elen skok 3 elen skok 4

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3