Драмска претстава во ростуша

Претставата е направена во соработка со етномузиколози и музичари и не носи во 2012 година кога, според календарот на Маите, треба да се случи крај на светот. Но тоа не се случува, освен што исчезнуваат Македонците. Останале само шестмина, кои потоа одат на турнеја низ светот и ја раскажуваат приказната на македонскиот народ.
Во претставата улогите ги толкува: Сања Арсовска, Биљана Драгичевиќ – Пројковска , Трајанка Илиева – Таци, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Игор Ангелов.
Општина Маврово и Ростуша и во иднина ќе продолжи со подршка на проекти од културата, со цел промовирање на традицијата и обичаите како и пробудување на културната свест и културниот живот кај најмладите.