Во рамките на проектот “Македонија без отпад-2014″, Општина Маврово и Ростуша во партнерство со Министерството за Животна Средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина “Ајде Македонија” и оваа година продолжија со реализација на проектот “Македонија без отпад-2014″.
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди, вработените во општината, учениците и професорите од Средното Општинско Училиште, основните училишта, невладиниот сектор како и многу граѓани кои живеат во Нашата Општина масовно се вклучија во расчистување на својата околина низ сите населени места, исто така се расчистуваа кањонот на реката Радика, магистралниот пат од Маврово до Бошков мост, месноста Стража како и многу места каде што предходно беше лоциран отпад.
Како резултат од оваа еколошка акција се себраа неколку тони отпад кој отпад, дежурните екипи на Јавното Комунално Препријатие “Маврово” го транспортираше до депонијата за отпад.

e1 e2 e3 e4 e5