Оглас за Ко-Модератор

Oct 9, 2014 by

Оглас за Ко-Модератор

Оглас за Ко-Модератор 2014

Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).

Општина Маврово и Ростуша ќе спроведува буџетски форум со цел партиципативно и  транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2015 година заедно со граѓаните.

За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на Ко-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 6-8 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

  • Раководење и координирање со Оперативната група;
  • Организирање и ко-модерирање на форумски сесии, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
  • Помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
  • Организирање и ко-модерирање на состаноци помеѓу форумски сесии;
  • Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
  • Поддршка во координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
  • Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
  • Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ и SDC;
  • Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:

  • универзитетско образование
  • познавање на англиски јазик
  • активно користење на компјутер (Word, Excel, Power Point)
  • познавање на процесот на децентрализација
  • искуство во работа со невладини организации
  • да е жител на општината
  • искуство во фасилитација, координација и известување
  • наклонетост кон тимска работа
  • одлични комуникациски и презентациски вештини

 

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (ЦВ) и писмо за мотивација, најдоцна до 13.10.2014 година, на следната адреса:

Општина Маврово и Ростуша, 1254, с.Ростуше бб.

или на електронска пошта: jusuf.selmani@hotmail.com

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3