Избрана најдобрата пита на питијадата – 2014

Aug 25, 2014 by

Избрана најдобрата пита на питијадата – 2014
Во рамките на манифестацијата ,,Летен културен бран 2014“, што го организира Општина Маврово и Ростуша , во Ростуша се одржа и изборот на најдобрата Мавровско – Реканска пита.

Учество зедоа над 50-тина учеснички од оваа општина, жири комисијата за најдобра пита ја избра питата што ја подготви Азизе Мирто од Ростуша.
Манифестацијата ја отвори Градоначалникот Мукрем Мехмеди, кој нагласи дека оваа активност има за цел промовирање на одличното приготвување на храна особено реканските пити кои ги приготвуваат домаќинките од овој крај, како и развивање на туризмот во Нашата Општина.
Во рамкиите на оваа активност голем број на туристи од земјава и странство ги посетија водопадите кај Дуф, а познатиот ансамбл „Македонија“ од Скопје имаше свој концерт во домот на култура во Ростуша.
Оваа манифестација со голем интерес ја проследија и голем број на печалбари од реканскиот регион кои работаат во Италија, Германија, Швајцарија и други земји на ЕУ, а кои моментално се на одмор во родниот крај. 

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3