Заврши првата фаза превентивна дезинсекција 

Aug 19, 2014 by

Заврши првата фаза превентивна дезинсекција 

Специјализирана екипа на Центарот за јавно здравје ја спроведе првата фаза превентивна дезинсекција против комарци на територијата на Општина Маврово и Ростуша.

Прскањето се одвиваше од земја, во периодот од 20 часот до 7 часот наутро. Беа опфатени зелените површини, населените места и други претходно одредени локации во општината.

Пчеларите ги заштитија пчелите во периодот на запрашување, односно ги превзедоа потребните мерки за да избегнат евентуални последици по пчелните семејства.

Дезинсекцијата на подрачјето на Маврово и Ростуша се спроведе со одлука на локалната самоуправа која ги обезбеди финансиските срества за превентивната мерка.

dezinfekcija

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3