проширен приодот до бигорски

Aug 14, 2014 by

проширен приодот до бигорски

image

Приодот кон Бигорскиот манастир од магистралниот патен правец Маврови Анови – Дебар од денеска е поширок и со нов асфалт. Со олеснувањето на приодот кон манастирот, направена е и санација на еден потпорорен ѕид со што е спречено лизгање на земјиштетото.
За вицепремиерот Владимир Пешески, кој присуствуваше на свеченото предавање во употреба на патот, покрај изградбата на автопатиштата, од голема важност е и обновата и изградбата на локалните и регионалните патишта со што се олеснува секојдневното живеење.
Градоначалникот на Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди истакна дека добрата соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се докажува со инвестициите во локалните патишта низ општината, како што е овој.
Љупчо Георгиевски, директор на ЈП државни патишта, нагласи дека за обнова и проширување на патот до манастирот Св. Јован Бигорски се инвестирани девет милиони денари, пари обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој. 

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3